Според партиски резултати Петар Јанков е новиот градоначалник на Струмица
Според партиски резултати Петар Јанков е новиот градоначалник на Струмица
Според информации од ОК ВМРО ДПМНЕ Петар Јанков е победник на изборите за градоначалник на Струмица. Тој според податоци од нешто по 21, 30 часот води со повеќе од 4.000 гласови од уште неизброени гласови од 17 избирачки места пред Марјан Даскаловски од СДСМ. И во Советот на Општина Струмица се очекува ВМРО ДПМНЕ и коалицијата да има најголем број на советници.
Во другите општини од Југоистокот, според паертиски резулатати во Василево победи досегашниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Славе Андонов, а се очекува победа и на Ристо Манчев во Босилово.
Според податоци од централата на СДСМ во Богданци пред победа е досегашниот градоначалник, Блаже Шапов, а во Валандово води со нешто повеќе од 100 гласови кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓоко Камчев од ВМРО ДПМНЕ пред Перо Костадинов од СДСМ. Во Дојран најверојатно ќе има втор круг меѓу Ристо Џинев од СДСМ и Илија Тентов од ВМРО ДПМНЕ.