Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во Струмица, на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „дфск“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од […]
Драги мои сограѓани – благочестиви христијани, Денес го славиме еден од најголемите христијански празници – Успение на Пресвета Богородица, познат како Голема Богородица, одбележувајќи го денот кога Мајката Божја земниот живот го заменила со небесниот, завршувајќи во прегратките на својот син – Богочовекот Исус Христос. Денес е ден на сите Марии, ден на мајките, жените […]
Согласно Индексот за социјална инклузија на младите на локално ниво, општина Струмица е една од највисоко рангираните општини. Оваа индекс анализа ги рангира општините според нивните перформанси во поддршката на вклученоста и еднаквоста на младите, оценувајќи аспекти како пристап до услуги, достапност до информации, вклученост во локалните политики и учество во одлучувачките и политичките процеси. […]
Граѓаните на општина Струмица и пошироко во регионот ќе имаат нов, современ градски пазар, кој ќе биде и најголемиот пазар во Македонија. Тој е уште едно предизборно ветување на градоначалникот Костадин Костадинов, коешто од денеска започна да се реализира. Вкупната површина на којашто се гради новиот пазар е 43.000 метри квадратни, од кои 8.200 ќе […]
Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на повеќе основни судови, меѓу кои и тој во Струмица. Функцијата пртетседател на Основниот суд во Струмица ја извршува Емил Глигоров.
На 24.08.2024 во 22:20 часот во СВР Струмица М.Г.(38) од с.Василево пријавил дека околу 21.00 часот бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Р. и неговата сопруга. Според пријавата, тие претходно му оштетиле и стакло од неговиот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Наскоро нов мега проект за Струмица!Струмица е земјоделски град и земјоделците и граѓаните заслужуваат нов модерен пазар.На површина од 42.000 метри квадратни го градиме најголемиот пазар во Македонија! За мене зборот е збор, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
EXIT фестивалот и Општина Стумица на 6 септември на отворениот простор наГолемиот парк носат ново издание на Get EXITed настанот, кој ја носи врвната летна забава која не смеете да ја пропуштите. Креаторите на светски познатата клупска химна “The Mirage” – Agents of Time, мега хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи – Meduza, њујоршката афро-хаус дива […]
Aирлија и честито нека ни е почитувани струмичани, драги мои сограѓани!Денеска е посебен ден за мене, за сите Вас и за нашата Струмица!, напиша градоначалникот Костадинов по предавањето на клучевите од електричните автобуси денеска во Скопје. Денеска го реализирав најголемото ветување пред Вас, иако имаше многу скептици, јас уште еднаш потврдив дека зборот за мене […]
Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. Во врска со ова, во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси. На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“. […]