Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија број 5/02“), член 39 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19) и Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 […]
Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ја посетија новата градинка „Виножито“ во која беше отворена сензорна соба, донација од Амбасадата на Кина. Градоначалникот Костадинов во изјавата за медиумите го потенцираше континуираниот влог на општина Струмица […]
Зимската служба на ЈПКД „Комуналец „Струмица од почетокот на снежните врнежи е излезена на терен и врши континуирано отстранување на снегот низ улиците на Општина Струмица. Се работи со 4 возила кои го чистат снегот, истовремено насипувајќи сол со што се спречува таложење на снег низ улиците на Струмица. Патиштата кон Цареви кули и населените […]
Почитувани сограѓани – верни поклоници на Христа, Време е да му се израдуваме на деветнаесеттиот ден од јануари, денот во кој го славиме Водици или Богојавление, еден од најголемите и најубавите христијански празници. По Бадник, Божик и Василица дојде денот со кој ги заокружуваме таканаречените „некрстени денови“ од циклусот – зимски празници. Денес со пиетет, […]
Триесет и едногодишниот Љубе Шопов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.
На иницијатива на градоначалникот, а со одлука на Советот, Општина Струмица го објави Јавниот повик за пројавување интерес за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ од Струмица за оваа година. Правото на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои […]
Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи празнична вечерна служба во чест и спомен на Свети Василиј Велики во храмот на Светите Кирил и Методиј во Струмица. Верниот народ се поклони пред светите мошти на Светителот кои ќе бидат изнесени во храмот и во текот на денешниот ден. Владиката на сите присутни им подели лепчиња со […]
-Првото добредојде на претставник на дипломатскиот кор во државата во годината што ја започнавме, денеска му го посакав на Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ и голем пријател на Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -Разговаравме за годината којашто помина, за проектите коишто ги реализиравме и започнавме, како и за новите предизвици во […]
-Денеска го именував Љупче Љачев за нов директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Човек кој има долгогодишно искуство во јавниот сектор, посветен финансиски работник.Сакам од срце да се заблагодарам на досегашниот директор Зоран Георгиев, за несебичната посветеност кон претпријатието и вработените, за сите успеси со кои сите ние како граѓани […]
Денеска во Струмица, во организација на Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот ,,Свети Кирил и Методиј”, а со поддршка на Општина Струмица, се одржаа традиционалниот Бадникарски концерт и Бадниковата поворка. Поворката тргна од Црквата „Свети Кирил и Методиј“, а во општинската зграда ги пречекаа градоначалникот Костадин Костадинов и Викарниот епископ […]