fbpx

Бадникарски концерт и Бадникова поворка во Струмица

 Бадникарски концерт и Бадникова поворка во Струмица

Денеска во Струмица, во организација на  Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот ,,Свети Кирил и Методиј”, а со поддршка на Општина Струмица, се одржаа традиционалниот Бадникарски концерт и Бадниковата поворка.

Поворката тргна од Црквата „Свети Кирил и Методиј“, а во општинската зграда ги пречекаа градоначалникот Костадин Костадинов и Викарниот епископ Стобиски Јаков и при тоа им поделија новогодишни пакетчиња.

На плоштадот „Гоце Делчев“ се одржа Бадникарскиот концерт, на кој настапија деца од Училиштето за веронаука и Црковниот хор при Цеквата „Свети Кирил и Методиј“ исполнувајќи божиќни песни.

На концертот приствуваа голем број граѓани, деца, градоначалникот Костадинов, Викарсниот епископ Стобиски Јаков, членови на Советот на Општина Струмица и гости.

Share via
Copy link