fbpx

Утре во Струмица ќе се одржи Бадникарски концерт

 Утре во Струмица ќе се одржи Бадникарски концерт

Утре на Бадник Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот ,,Свети Кирил и Методиј”, под покровителство на Општина Струмица и годинава традиционално го организираат Бадникарски концерт и Бадниковата поворка.

Одбележувањето на Бадник ќе почне со Бадникарска литија од Црквата „Свети Кирил и Методиј“, која ќе се движи до зградата на Општина Струмица, каде младите бадникари ќе ги пречекат градоначалникот Костадин Костадинов и Викарниот епископ Стобиски Јаков, кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата.

Веднаш потоа е закажан хуманитарниот Бадникарски концерт на Плоштадот „Гоце Делчев“, каде со богата црковна и културно-уметничка програма ќе биде одбележан Бадник

Share via
Copy link