fbpx

„Комуналец“ континуирано го отстранува снегот низ улиците и патиштата

 „Комуналец“ континуирано го отстранува снегот низ улиците и патиштата

Зимската служба на ЈПКД „Комуналец „Струмица од почетокот на снежните врнежи е излезена на терен и врши континуирано отстранување на снегот низ улиците на Општина Струмица.

Се работи со 4 возила кои го чистат снегот, истовремено насипувајќи сол со што се спречува таложење на снег низ улиците на Струмица. Патиштата кон Цареви кули и населените места Попчево, Вељуса и брана Водоча се исчистени и се проодни но секако се препорачува внимателно возење.

Булеварите низ градот, излезите од градот како и патиштата низ градот се исчистени и проодни.

Зимската служба продолжува со отстранувањето на снегот таму каде што е потребно се до негово целосно отстранување од улиците.

Напоменуваме секако дека граѓаните треба да внимаваат во сообраќајот како и при движење по тротоарите. Се известуваат сите граѓани дека имаат законска обврска да го исчистат снегот од тротоарите пред нивните домови со што ќе придонесат за побрзо нормализирање на движењето на граѓаните по тротоарите.

Share via
Copy link