Tags : Струмица

Третиот по ред Get EXITed настан пристигнува овој септември во

На денешниот настан за медиумите во Големиот парк во Струмица, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и претставници од фестивалот EXIT го најавија продолжувањето на заедничката соработка преку третото по ред издание на Get EXITed настанот во Струмица. На прес-конференцијата се обрати и фронтменот на рап бендот Дизивија – Драги Андонов изразувајќи го своето неверојатно […]

Пукано со огнено оружје на булевар во Струмица

СВР Струмица соопшти дека вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица било пукано со огнено оружје. Екипа на СВР Струмица извршила увид и на местото биле пронајдени чаури од огнено оружје, кои биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Струмица одбележан големиот двоен празник-121 години Илинденско востание и

Денеска пред споменикот на Гоце Делчев, на истоимениот плоштад во нашиот град, во организација на Општина Струмица, беше одбележан големиот двоен празник Илинден: 121-годишнината од Илинденското востание и 80-годишнината од Првото заседание на АСНОМ. За историографијата и значењето на двата Илиндена говор одржа членката на Советот на општина Струмица, Елена Магеровска Паликарова. Таа во својот […]

Известување за промена на режимот на сообраќај на улици во

Согласно Решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај во општина Струмица со бр.21-1088/4 од 02.07.2024 година од утре (01.08.2024 година) ќе има промени на режимот на сообраќај на улици во градот. Режимот на сообраќај се менува од двонасочен сообраќај во еднонасочен сообраќај, гледано од насока од улицата „Васил Сурчев’’ до крстосницата со улицата […]

Полициски билтен:во две сообраќајки во Струмица повредени сопатничка и мотоциклист

На 26.07.2024 во СВР Струмица било пријавено дека во 11.35 часот на магистрален пат Струмица-Ново Село се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Струмица и товарно возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управвувано од А.К. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила […]

Одбележана 12-годишнината од пожарот над Струмица кога загинаа 4 лица

Денес пред спомен одбележјето на загинатите од шумскиот пожар над Струмица, кој се случи на 23 јули 2012 година, се одржа чествување по повод 12-годишнината од овој трагичен настан. Членови на семејствата на четворицата загинати сограѓани и претставници од Општина Струмица положија свежо цвеќе пред спомен обележјето, а за трагичниот настан и борбата со огнената […]

Полициски билтен:физички пресметки и напади во Радовиш и Струмица

На 21.07.2024 во 05.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги привеле Д.Г.(39) од Радовиш и В.Р.(44) од село Ињево, радовишко, постапувајќи по претходна пријава дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувал и В.А.(27) од Радовиш. Лицата биле задржани во […]

Полициски билтен:Во Радовиш кај лица од Струмица и радовишанец пронајдена

На 20.07.2024 во 21.25 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Е.З.(23), Џ.З.(30), Д.З.(22), З.М.(25) и Д.У.(26), сите од Струмица. При преглед на патничко возило „мерцедес“ во кое се превезувале била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе […]

Полициски билтен:потешко повреден мотоциклист, женска тепачка во Струмица

На 16.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, на место викано „Бабик“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(19) од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(41) од село Банско. […]

Кривична пријава за полицаец од Струмица за „предизвикување општа опасност“

МВР денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник […]