Тракторист со трактор и приколка паднал во реката Тркања, веднаш починал

 Тракторист со трактор и приколка паднал во реката Тркања, веднаш починал

Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање, соопштија денеска од СВР Струмица.

На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. 

Фото: архива илустрација

Share via
Copy link