fbpx

Успешно одбележан Денот на Југоисточниот плански регион

 Успешно одбележан Денот на Југоисточниот плански регион

Денеска во Градската галерија во Струмица, се одржа настанот „Ден на Југоисточниот плански регион,“ организиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – 2 фаза,“ финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој.

Се разговараше за најдоброто од регионот – иновации, идеи и визии за иднината. Настанот беше платформа за претставување на достигнувањата и потенцијалите на регионот, привлекувајќи широк спектар на учесници, вклучувајќи претставници од локалните власти, академската заедница, граѓанскиот сектор и приватниот сектор.

Во текот на денот, учесниците имаа можност да се запознаат со новата Комуникациска стратегија за промоција на регионот, која ќе придонесе за подобра соработка со заедницата и зголемена видливост на регионалните иницијативи.

Во рамките на настанот беа одржани инспиративни панел-дискусии кои опфатија клучни теми за развојот на регионот, како што се улогата на општините како столб на регионалниот напредок, имплементацијата на зелени практики и циркуларна економија како двигатели на одржливоста, како и можностите за развој преку туризмот и зачувувањето на културното наследство.

Посебен момент беше видео – презентацијата на Југоисточниот регион која ја истакна динамиката на развојот и идниот потенцијал на регионот, инспирирајќи ги присутните да размислуваат за нови можности за соработка.

Share via
Copy link