Васе Михаилов нов кормилар на ОК Струмица

 Васе Михаилов нов кормилар на ОК Струмица

Васе Михаилов е нов кормилар на шампионот ОК Струмица, соопштија од клубот.

Легендата продолжува – ново поглавје на победничка приказна. Со огромна гордост ја објавуваме промоцијата на нашиот поранешен капитен, човекот кој 15 години беше срцето и моторот на екипата, во тренер.

-Како играч, тој остави неизбришлива трага во историјата на клубот: 10 шампионски титули 8 куп титули преку 100 настапи за репрезентацијата, како и 2 учества на Европски првенства, каде со години достоинствено ги бранеше боите на својата држава.По завршувањето на играчката кариера, продолжи да му служи на клубот и како помошник тренер, освојувајќи 1 трофеј, а во моментов е и помошник тренер во репрезентацијата, што е уште една потврда за неговото знаење, искуство и авторитет.Во претходната сезона беше предводник на младите категории, каде во сите категории ја освои шампионската титула, додека оваа сезона сите младински селекции се на првото место во своите групи, што јасно го потврдува неговиот квалитет и тренерска визија, се наведува во соопштението на клубот.

Share via
Copy link