Во пожар во штала во Горни Липовиќ изгореле домашно животно и сточна храна

 Во пожар во штала во Горни Липовиќ изгореле домашно животно и сточна храна

СВР Струмица соопшти дека на 14.01.2026 во Полициската станица Радовиш е пријавено дека околу 02:30 часот  настанал пожар во штала, сопственост на 66-годишната Ј.С. од село Горни Липовиќ, општина Конче.

Во пожарот изгореле едно домашно животно и сточна храна, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат. 

Повредени лица нема и увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.

Фото: архива илустрација

Share via
Copy link