Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице
Попладнево во 15:27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице, соопштија струмичките пожарникари.
Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани.
Причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции.
Фото: ТППЕ Струмица