Премиера на претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во Струмичкиот театар
За тапанарот Џоко и жртвите од „Пулс“ ќе се прави споменик во Струмица
Димитар Ѓоргиев, братот на трагично починатиот тапанар од групата „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, покрена хуманитарна кампања за прибирање 30.000 еврa. Средствата се наменети за изградба на споменик во центарот на Струмица – во знак на сеќавање на Џоко и на сите жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се смета за најголемата несреќа во поновата македонска историја.
Споменикот ќе биде поставен на струмичкиот плоштад, а за неговата изработка е ангажиран академскиот уметник Митко Тошев – сликар и вајар, кој предава во гимназијата „Јане Сандански“.
Во образложението на иницијативата се наведува дека споменикот ќе претставува симбол на вечниот препород – не само за Џоко, туку и за сите 62 животи што згаснаа во трагедијата.