fbpx

Жител на Миравци се удави во Вардар

 Жител на Миравци се удави во Вардар

Вчера во 15:40 часот било пријавено дека во близина на село Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во река Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Во 19:15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извор:МВР-билтен

Share via
Copy link