Жител на Радичево ја повредил раката од петарда, пренесен е во Клинички во Скопје

СВР Струмица соопшти дека на 05.01.2026 во Полициската станица Струмица од Медицински центар Струмица е пријавено дека кај нив за укажување на медицинска помош е донесен М.Н.(27) од село Радичево, струмичко, кој се здобил со повреда на раката при употреба на петарда.
Лицето било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Фото: архива илустрација