Струмица тагува за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани
Изгоре плевна во Дабиле, пожарникарите спречија пожарот да се прошири
Синоќа во 22.01 часот во село Дабиле, ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 5 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена плевна.
Пожарот бил во поодмината разгорена фаза и веднаш после пристигнувањето беше спречено да се рашири кон околните објекти, а потоа пристапено кон негово целосно ликвидирање.
Според информациите од ТППЕ Струмица, причинета е голема материјална штета.