Во Струмица одбележана 121 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев
Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајка кај Баница
Вчера околу 19:20 часот на регионалниот пат на влез од село Баница, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд“, со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(39) од село Баница и велосипед, управуван од малолетник од истото село.
По незгодата малолетникот бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.