„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица, Ковид-19: еден починат, 9 нови и 29 оздравени
Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 209• Куманово – 14• Гостивар и Кавадарци – по 10• Струмица – 9• Тетово – 8• Дебар – 7• Прилеп и Велес – по 5• Охрид и Кичево – по 4• Струга и Кратово – по 3• Битола и Радовиш – по 2• Штип, Кочани, Неготини и Берово – по 1.
Пријавени се 32 починати лица: 5 починати лица од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од:
• Скопје – 155• Тетово – 118• Гостивар – 113• Струмица – 29• Кичево – 26• Куманово – 19• Кавадарци, Велес и Свети Николе – по 9• Прилеп – 8• Битола и Валандово – по 7• Штип – 6• Берово и Гевгелија – по 5• Кочани и Ресен – по 4• Дебар, Радовиш, Крушево и Македонски Брод – по 2• Кратово, Неготино, Виница и Демир Хисар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077