„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одбележана 12-годишнината од пожарот над Струмица кога загинаа 4 лица
Денес пред спомен одбележјето на загинатите од шумскиот пожар над Струмица, кој се случи на 23 јули 2012 година, се одржа чествување по повод 12-годишнината од овој трагичен настан.
Членови на семејствата на четворицата загинати сограѓани и претставници од Општина Струмица положија свежо цвеќе пред спомен обележјето, а за трагичниот настан и борбата со огнената стихија на пожртвуваните граѓани, зборуваше членката на Советот на општина Струмица Танкица Трендова која меѓу другото истакна:
„Во таа пресметка со огнената стихија, четворица наши сограѓани ја платија својата храброст и пожртвуваност со своите животи, а повеќемина завршија со сериозни изгореници. Денес се сеќаваме на нашите четворица херои: браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓорѓиев од Струмица и Војо Гркљанов од Струмица кои, спасувајќи ја Струмица, прерано ги изгубија своите животи. Сите заедно посакуваме, таквиот настан со човечки жртви никогаш повеќе да не се случи. Нека биде тоа наша опомена за вечни времиња и за сите сегашни и идни генерации струмичани, рече Трендова.