„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Струмица објави јавен повик за дотација за тренери во спортските клубови
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за дотација за тренери во спортските клубови
Со овој Јавен Повик се предвидува финансиска поддршка за најмногу 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2024-та година, односно 10 месеци.
Финансиската подршка е обезбедена во рамките на Буџетот на општина Струмица за 2024 година, во програмата за спорт (L0).
Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство), и тоа:
– Фудбал: Прва лига, втора лига, трета лига
– Кошарка: Прва лига, втора лига и младински категории*
– Одбојка: Прва лига, втора лига*
– Ракомет: Прва лига*
– Останати спортови: Прва лига, втора лига*
* Кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
За спортските здруженија и други правни лица:
- Клубот да е формиран на територијата на Општина Струмица (клубот доставува тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија)
- Решение за вршење на дејност спорт од Агенција за млади и спорт
- Потврда од соодветната федерација или сојуз за докажување на рангот на натпреварување. (1ва, 2-ра лига, младинска лига и тн)
За тренерите во спортските здруженија и други правни лица:
- Тренерот кој аплицира да е невработен
(потврда од АВРМ дека не е во работен однос)
- Фотокопија од лична карта
- Потврда за завршено образование
- Приложена лиценца за работа од соодветната федерација (доколку ја има)
- 5. CV – Биографија
Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 27.08.2024 година (Вторник) до 16 часот. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица
На пликот треба да стои ИМЕ И ПРЕЗИМЕ „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (СПОРТ – ТРЕНЕР 2024)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.