ЗНМ И СЕММ: АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО И ЕТИЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ
ТППЕ Струмица:Катастрофален пожар во Кочани, бројот на жртви се уште непознат, се спомнуваат 20 до 50 загинати
-Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03:00 часот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20 до 50 жртви, објавија од ТППЕ Струмица.
-Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија, која не е забележана во историјата на Кочани и Република Македонија, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, напишаа струмичките пожарникари.