Костадинов ги објави конктурите на новата програма
Од денес, почнуваме со подготовка на новата програма – најсилната досега.
Ова не е хартија со празни ветувања. Ова е оперативен план, заснован врз знаење, искуство и решителност. Ова се само поставување на Контури врз кои вие ќе ја градите програмата како граѓани во целост.
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ?
Нова ТРАНСФОРМАЦИЈА на Струмица.
Бесплатно полнење на електрични возила – 5 години.За сите граѓани што ќе преминат на електрични автомобили, обезбедуваме 5 години бесплатно полнење. Потоа – субвенционирана цена.Преведено: чиста енергија, бесплатен погон, грижа за иднината.
40 хектари ново зеленило.Градот ќе дише. Ќе се садат нови дрвореди, ќе се уредуваат паркови и зелени коридори – во секоја урбана и рурална зона.Дигитални паркови, за едукација за кодирање, HUB за IT компаните за работа на отворено, барање на програмерите.
Развиени и осветлени села.Комплетна улична осветленост и инфраструктурна поврзаност. Гарантирано! Секое село ќе биде достојно место за живеење.
Нови пешачки патеки и подобрен сообраќај.Редизајнирана урбана мобилност. Безбеден град и удобен живот за сите.
Општината доаѓа кај вас.Воведуваме општински службеници на терен – во вашето маало, во вашето село. Нема повеќе трчање по шалтери – институцијата ќе работи во ваш кварт.
Ред и дисциплина – наместо хаос и анархија.Правилата ќе важат подеднакво за сите. Без привилегирани, без хаос. Струмица ќе биде пример за уреденост, не за толеранција кон безредие.
ВИЗИЈА ГРАДЕНА НА ДОКАЗАНИ ПРАКСИ
Во моментов сум на работна посета во Словенија и Италија, заедно со врвни експерти за локална самоуправа, енергетика и урбан развој, како и со политичари со најуспешни практики во модерното локално управување.
Заедно ги анализираме решенијата кои таму веќе функционираат – и подготвуваме прецизен, остварлив и прагматичен план за Струмица.Секое ваше барање ќе биде вградено, секој ваш предизвик – адресиран.
Програмата нема да се пишува зад затворени врати. Ќе ја пишуваме заедно.Ќе ве слушаме. Ќе доаѓаме лично. Ќе градиме Струмица што сите ја заслужуваме.
Ова е почеток на новата етапа. Град со ред. Град со моќ. Град со иднина.Град кој не прашува дали може – туку покажува дека знае и делува.Со сила, чест и прецизност,
Костадин КостадиновГрадоначалник на Струмица
Струмица над сè!