Историски успех за струмичката одбојка: Два клуба ќе ја претставуваат Македонија во Европа

 Историски успех за струмичката одбојка: Два клуба ќе ја претставуваат Македонија во Европа

Струмица ќе биде важен центар на македонската клупска одбојка на европската сцена следната сезона, со два свои претставници кои ќе се натпреваруваат во ЦЕВ Европските купови.

Машкиот шампион, Струмица 47&72, согласно својот статус, пријави учество во најпрестижното клупско натпреварување – ЦЕВ Лигата на шампионите. Ова претставува продолжување на континуитетот на клубот на меѓународната сцена, со амбиција за достоен настап меѓу европската елита.

Во женска конкуренција, Наковски Волеј од Струмица, како освојувач на националниот куп, ќе го има своето премиерно историско учество во европските купови. Клубот аплицираше за настап во ЦЕВ Челинџ купот, со што отвора ново поглавје во својата историја и носи дополнителна европска димензија за женската одбојка во градот.

Ова е дел од рекордната година за македонската клупска одбојка, во која дури пет екипи аплицираа за настап во Европа. Ждрепката за сезоната 2025/26 ќе се одржи на 15 јули во седиштето на ЦЕВ во Луксембург, кога струмичките клубови ќе ги дознаат своите противници.

Share via
Copy link