Тројца повредени во сообраќајка на патот меѓу Калугерица и Подареш
Тројца повредени во сообраќајка на патот меѓу Калугерица и Подареш

СВР Струмица соопшти дека на 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на општински пат с.Калугерица – с.Подареш, во атар на с.Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(51) од с.Ораовица, радовишко и трактор со приколка, управуван од Г.М.(56) од с.Подареш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И.(39), А.И.(41) двете од Радовиш, додека со телесни повреди Ѓ.И.(70) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило М.Т. возел под дејство на алкохол, односно имал 1,17 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.