Со 2,04 промили алкохол предизвикал пожар во двор во струмичко, огнот се проширил на улицата

 Со 2,04 промили алкохол предизвикал пожар во двор во струмичко, огнот се проширил на улицата

Жител на струмичко село бил лишен од слобода откако предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил кон улицата, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, на 30 јули 2026 година, околу 22 часот, во селото Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го забележале Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото, како предизвикува пожар во неговото дворно место.

Огнот се проширил и кон улицата, по што интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица. Пожарот бил изгаснат, а според МВР, во инцидентот нема повредени лица.

Шеесет и тригодишниот маж бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струмица. При извршеното алкотестирање било утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link