Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била исправна
-Што би рекол премиерот „на лагата и се кратки нозете“ – еве уште еден доказ дека тоа е така. Судот денес донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица. Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправноста на водата. И како што кажав, ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да остават цел град без вода само за да предизвикаат криза која потоа ќе ја користат за сопствени политички потреби. За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода. Срам, мизерија и ниски страсти.Водата е чиста, питка и биохемиски исправна, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-За ваквите лаги на АХВ општина Струмица и јас ќе поднесеме и кривична пријава до директорот на АХВ поради предизвикување на страв и паника кај населението кое иако имаше питка вода за пиење, му беше забранувано и беше плашено да не ја пие. Блиску е октомври, а народ гледа, напиша струмичкиот градоначалник.