Загина мотоциклист во Иловица откако излетал од патот и удрил во бандера
Синоќа во 23.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од патот и удрил во бандера.
Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Фото: илустрација архива