Тројца Грци осомничени за кражба на парфеми од продавница на преминот Богородица
Левица – Струмица ја поднесе кандидатската листа за советници, носител е Јасмина Пијанманова
Политичката партија Левица, преку својот локален огранок во Струмица, ја поднесе листата со кандидати за членови на Советот на Општина Струмица за претстојните локални избори.
Носител на листата е Јасмина Пијанманова, дипломиран етнолог и магистер по културен менаџмент. Во соопштението од партијата, таа е претставена како долгогодишен истакнат културен работник и активист за подобрување на локалните и националните културни политики.
Од партијата истакнуваат дека на гласачите во Струмица им нудат „пожртвувани, храбри, чесни и борбени луѓе кои сакаат да го менуваат воспоставениот коруптивен систем“.
„Тие ја прифатија кандидатурата не поради функции, привилегии или интереси, туку со чист образ и искрена намера да му служат на народот. Тоа се луѓе кои не се плашат да се спротивстават на неправдата и не калкулираат со својот интегритет“, се наведува во дописот од Левица.
На листата се наоѓаат вкупно 23 кандидати.
Комплетна листа на кандидати за советници на Левица во Струмица:
- Јасмина Пијанманова
- Звонко Манзаклиев
- Никола Христоманов
- Јулија Грчева
- Ѓорѓи Станковски
- Драги Рашковски
- Стојанка Тимовска
- Александар Младеновски
- Тони Филев
- Мара Манева
- Звонимир Захов
- Виолета Марковиќ
- Атанас Мелев
- Костадин Кречев
- Јулијана Стојановска
- Васе Петров
- Наско Илијев
- Благица Карастоева
- Гордана Гајдаџиева
- Ѓурѓица Шарламанова
- Коста Атанасовски
- Елизабета Филева
- Герас Шопов