Јанков на средба со струмичките бизнисмени: Потребен е отворен дијалог за посилен економски развој
Јанков на средба со струмичките бизнисмени: Потребен е отворен дијалог за посилен економски развој
Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, денеска оствари средба со претставници на бизнис секторот од Струмица, на која присуствуваше и директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова.
На средбата, како што информираше Јанков, се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат компаниите, можностите за унапредување на соработката помеѓу бизнис заедницата и институциите, како и за конкретни мерки за поттикнување на локалниот економски развој.
Јанков пред присутните ги претставил своите визии и деловите од програмата кои се однесуваат на економската перспектива на Струмица како иден регионален центар.
„Верувам дека ваквите отворени разговори се најдобар начин за да се најдат конкретни решенија кои ќе придонесат за подобра деловна клима и поголем раст на стопанството во нашиот регион“, изјави Јанков по средбата.
Тој нагласи дека директниот дијалог со стопанствениците е клучен за креирање на политики што ќе одговорат на реалните потреби на економијата и ќе овозможат одржлив развој и просперитет за целата општина.