Даскаловски пред изборите: Убеден сум во убедлива победа, силата е во заедништвото
Јанков: Победуваме во првиот круг, од понеделник ветуваме чесна и посветена работа
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, во своето завршно обраќање до граѓаните изрази цврста увереност во победа уште во првиот изборен круг во недела.
„Во недела победуваме. Бројот 9 ќе биде победнички во првиот круг. Такви се нашите анализи и состојбата на теренот“, порача Јанков.
Тој им се заблагодари на сите сограѓани за срдечниот пречек за време на кампањата и ги повика во недела масовно да излезат на гласање и да ја дадат поддршката за бројот 9.
„Од понеделник ветуваме работа, многу работа, чесност и посветеност!“, заклучи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.