Полициски билтен:пронајдени кокаин,марихуана и пиротехнички средства, физички напади…

 Полициски билтен:пронајдени кокаин,марихуана и пиротехнички средства, физички напади…

На 29.12.2025 во 22:00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.П.(18) од село Подареш, радовишко и О.К.(27) од Радовиш. При преглед кај нив, кај Д.П. се пронајдени кокаин и марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2025 во село Конче, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш со судска наредба извршија претрес во домот на К.К.(38) од с.Конче. При претресот се пронајдени 105 парчиња пиротехнички средства. Истиот ден во село Ињево, радовишко, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш извршија претрес и во домот на И.К.(30) од село Ињево, при што се пронајдени 198 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 29.12.2025 во 18:00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Ш.(37) од село Банско, струмичко, кој бил баран со наредба од Основен суд Велес за издржување на мерка притвор во траење од 30 дена за сторено кривично дело „разбојништво“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

На 29.12.2025 во 18:00 часот во СВР Струмица, К.В.(45) со престој во Струмица пријавила дека околу 11:30 часот во училиште во Струмица, а подоцна и на пат кон домот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2025 во 20:55 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го приведоа С.К.(39) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:30 часот во Радовиш физички ја нападнал М.З.(35) од Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link