Полициски билтен:четворица струмичани фатени како користат дрога, жител на радовишко физички ја нападнал мајка си

 Полициски билтен:четворица струмичани фатени како користат дрога, жител на радовишко физички ја нападнал мајка си

На 28.01.2026 во 16:00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Ф.Р.(19), О.Д.(39), М.А.(24) и З.А.(25), сите од Струмица. Лицата се затекнати во патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, во момент кога користеле дрога, а при преглед на возилото е пронајдена и марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.01.2026 во 17:45 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 57-годишен жител на радовишко село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка и и нанел повреди на телото. Тој е задржан во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link