Отстранети бесправно изградени објекти во близина на училиштето „Никола Карев“
Отстранети бесправно изградени објекти во близина на училиштето „Никола Карев“

Од Општина Струмица соопштија дека во текот на денешниот ден Градежната инспекција при Општина Струмица спроведе акција за отстранување на бесправно изградени објекти на катастарска парцела бр. 5586, КО Струмица, во непосредна близина на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, која е во сопственост на Република Македонија и притоа со решителна и транспарентна постапка беа отстранети сите објекти изградени спротивно на законските прописи.
Од Општината наведуваат дека оваа акција е јасна порака дека јавниот интерес и владеењето на правото се приоритет. Општина Струмица останува доследна во спроведувањето на законите и заштитата на јавниот простор, а инспекциските служби ќе продолжат со активности и во наредниот период.