МВР:Потврдите од платените казни од „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

 МВР:Потврдите од платените казни од „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица, информираа денеска оттаму.

-Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата, се наведува во соопштението на МВР.

Од МВр апелираат до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, во интерес на заштеда за своето време и избегнување на непотребни гужви.

Share via
Copy link