Реакција на ВМРО- ДПМНЕ на Соопштение на СДСМ: СЕ СООЧУВАМЕ СО НАСЛЕДЕНИ ПРОБЛЕМИ !!!

 Реакција на ВМРО- ДПМНЕ на Соопштение на СДСМ: СЕ СООЧУВАМЕ СО НАСЛЕДЕНИ ПРОБЛЕМИ !!!

СДСМ во Струмица не може да се помири со целосниот колапс на сопствената погрешна политика.
Толку им била угодна локалната власт 20 години што немат трпение за новото раководство на Oпштината ниту неколку месеци.
Па веднаш започнаа со засилена кампања да ги потенцират сите негативности со кои се соочуваме сите,  а кои всушност ги создаде СДСМ на локално и државно ниво.
И за тоа СДСМ го обвинува ВМРО- ДПМНЕ.
Таква е  заблудата дека во Општината  масовно ќе се вработуват нови партиски лица.
Односно дека 12.000.000 денари се предвидени за ангажмани во градинките, средства кои требало да бидат обезбедени од Министерството за финансии, но ќе се покриваат од буџетот на Општината.

Да појасниме дека станува збор за обезбедување на средства за лица кои  се во работен однос и за начин на обезбедување на тие средства наследен од пред неколку години. Доколку не се постапи на тој начин и тие ангажирани лица не бидат обезбедени во прашање ќе биде нормалното работење на градинките.
Значи, се соочуваме со наследени проблеми!!

Се што граѓаните на Струмица очекуват од СДСМ е да бидат спремни да одговорат за штетите кои ги направија.

Освен тоа, СДСМ има своја советничка група која може да им објасни дека ваквите излети нема да им помогнат.

Реторичките трикови и пишувања на социјални мрежи на СДСМ нема да го спречат ВМРО- ДПМНЕ заедно со граѓаните да направи промени и да обезбеди повисоки стандарди за живот!

Share via
Copy link