„Фолколрна низа“ во низа ги реди настапите

КУД „Фолклорна низа“ од Струмица ид почетокот на годината во низа ги реди настапите со кои докажува дека фолклорот е неисцрпна ризница и можност за презенртирање на наученото на најразлични настани и манифестации.

На 1 феверуари година струмичките фолклористи беа гости на Алфа телевизија каде настапија во емисијата „Везилка“, а истиот месец, на 21, учествуваа на Струмичкиот карневал со маската „Бал на цветовите“, а настапите на Карневалот ги заокружија на традиционалната манифестација „Тримери“.


-Облечени во прекрасна староградска облека нашите учесници со достоинство и гордост ја доловија убавината на староградската традиција, носејќи дух од минатото во сегашноста. Со насмевки, елеганција и љубов кон фолклорот уште еднаш покажаа дека традицијата живее преку младите генерации, велат од „Фолклорна низа“.
Настапите продлжија и на 22 март годинава како гости на настан организиран за прв пат во Македонија од ТИМ ЗОРАН Кик Бокс.

Од 17 до 19 април фолклористите беа на етно камп во Банско, Бугарија, а учествуваа на Литијата вом чест на Богородица Брзопослушничка.

На 26 овој месец ќе бидат гости на хуманитарен настан во сел Сушица, општина Ново Село, а на 5 мај „Фолклорна низа“ ќе гостува на ” Ѓурѓовденски средби ” 2026 Ново Село, во организација на ОУ Дом на култура” Јане Сандански” Ново Село.
На 7 мај играорците ќе настапат во Зрновци на фестивалот ” Спроведување на Ѓурѓовденски традиционални, обичаи, песни и ора 2026, во организација на ФА” Љупчо Сантов” Оризари- Кочани.
На 10 мај се гости на 33- ти Меѓународен фестивал пролетни веселби ” ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ” , Чалакли, Валандово, а круна на досегашниоте успешни настапи ќе биде целовечерниот концерт кој ќе се одржи на 30 мај во НУЦК „Антон Панов“- Струмица.