Затвореник од штипскиот затвор со лисици на рацете избегал од струмичкиот суд

 Затвореник од штипскиот затвор со лисици на рацете избегал од струмичкиот суд

Бегството на затвореникот се случило за време на паузата кога побарал да оди во тоалет и на излегување турнал еден од полицајците и веднаш почнал да бега.

Затвореник од штипскиот затвор во текот на вчерашниот ден успеал да побегне од Основниот суд во Струмица додека бил на судење.

Бегството на затвореникот се случило за време на паузата кога побарал да оди во тоалет и на излегување турнал еден од полицајците и веднаш почнал да бега. И покрај тоа што на рацете имал лисици, затвореникот успеал да побегна и да ја напушти зградата на судот.

По бегството веднаш биле известени Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и повторно лишување од слобода.

Инаку, веста за медиумите ја потврдија од Штипскиот затвор.

Share via
Copy link