Полициски билтен:пронајдена дрога во Струмица,изгоре трактор во Негорци

 Полициски билтен:пронајдена дрога во Струмица,изгоре трактор во Негорци

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.Р.(34) од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед над пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициската станица Струмица, а по поднесување на кривичната пријава тој е изведен пред судија од Основен суд Струмица кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

На 01.06.2026 во 21:40 часот во с.Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода З.Л.(42) од с.Миравци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, кој го управувала и по преземени мерки било констатирано дека го управувала без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 01.06.2026 во 19:10 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Ѓорги Велков“ во с.Негорци, гевгелиско, настанал пожар во штала, сопственост на  Ѓ.А., при што бил опожарен трактор. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија. Увид ќе се врши во текот на денот.  

Share via
Copy link