fbpx

Земјоделци од село Баница со стапови се тепале во Облешево поради паркинг

 Земјоделци од село Баница со стапови се тепале во Облешево поради паркинг

Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено  дека на автобуското стојалиште во с.Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети.

Од страна на полициски службеници на сите учесници во пресметката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Попладнево, на дождот, во Облешево мештаните со стапови се обидоа да решат извесни недоразбирања и кавги со продавачите на зеленчук кои од своите камиони секојдневно се присутни на патот Штип – Кочани. Од видеото што пристигна во нашата редакција се гледа што конкретно се случувало.

Gepostet von Radio Kocani am Dienstag, 23. Juni 2020
Share via
Copy link