fbpx

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“

 Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10:00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар, соопштија денес од Јавното обвинителство.

-Неопходни услови за вршење  на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со увидна екипа од крим техника МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви  и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета.

Јавниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи – ресивери од видео камерите поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање на информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

Share via
Copy link