fbpx

Агенција за млади и спорт и Националниот младински совет доделуваат награда за младинско учество

 Агенција за млади и спорт и Националниот младински совет доделуваат награда за младинско учество

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Национален младински совет на Македонија доделуваат награда за младинско учество.

Наградата се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.

Висината на Наградата за младинско учество по категории е следната:- 1,500 EUR за индивидуална категорија;- 3,000 EUR за неформални групи на млади; и- 3,000 EUR за младински организации.

Наградите ќе бидат доделени и презентирани на пошироката јавност на Меѓународниот ден на младите (12 август 2022) во Скопје.

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следните линкови:▪️ Индивидуална категорија за млади (на возраст 15-29 години) (https://forms.gle/qVQKxTUbz9gn1Yb2A)

▪️ Категорија на неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) (https://forms.gle/92xx4bmUfz77Dfh6A)▪️

https://forms.gle/C34Q4tJF2i1AJmWR6)

Рокот за поднесување на номинации е до 7 јули 2022, 23:59 часот.

Share via
Copy link