fbpx

Актерката Тинка Ристеска вечер одбележува 55 години актерска дејност

 Актерката Тинка Ристеска вечер одбележува 55 години актерска дејност

Изведбата на претставата „Вујко Вања“ од Чехов, во режија на Дејан Ангелов, која ќе се одигра вечер со почеток во 20 часот, ќе ѝ биде посветена на долгогодишната актерка на струмичкиот театар Тинка Ристеска, која своето театарско патешествие како уметник го започнала уште во далечната 1969 година.

Претставата, во која и таа самата игра, ќе биде одбележување на нејзиниот 55-годишен јубилеј актерска дејност. Триесет и шест години професионален стаж, плус уште 19 години актерски улоги како гостин на струмичката сцена по завршувањето на активната кариера – тоа е нејзиниот влог во македонската театарска уметност. Генерации струмичани и струмичанки растеле гледајќи ги претставите во кои таа играла станувајќи еден од препознатливите ликови на струмичката култура.

Share via
Copy link