Амбасадорот на Велика Британија, Лосон во посета на Општина Струмица
Амбасадорот на Велика Британија, Лосон во посета на Општина Струмица

Делегација на Амбасадата на Велика Британија во Македонија, предводена од амбасадорот Метју Лосон, денеска беше во официјална посета на Општина Струмица, соопштија од локалната самоуоправа.
Градоначалникот Петар Јанков, го запознал амбасадорот Лосон со карактеристиките, потенцијалите и можностите на Струмица, функционирањето на локалната власт и нејзините приоритети.
-Се водеа разговори и на актуелни теми, но и за можностите за продлабочување на соработката на локално ниво, особено во делот на економскиот развој, образованието, културата и размената на искуства во локалната самоуправа, при што беа потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји.Градоначалникот Јанков му се заблагодари на амбасадорот Лосон за посетата, потенцирајќи дека ваквите средби се значајни за градење нови партнерства и стекнување на нови искуства во унапредување на соработката од која бенефит ќе имаат граѓаните, се наведува во соопштението.