Фондацијата „Заев“ и Општина Струмица доделија 68 стипендии на талентирани

Вкупно 68 талентирани ученици од основните и средните училишта во општина Струмица, денеска во Градската уметничка галерија добија дизајниран сертификат за стипендија од општина Струмица и Фондацијата „Заев – Eдно општество за сите“.Градоначалникот Костадин Костадинов, кој како и минатата година и оваа беше иницијатор за финансиска поддршка на талентираните ученици, во своето обраќање потенцираше: -Сите […]

Промовирана аудио книгата „Вистина или лудост“ од Оливера Трајковска

Аудио книгата „Вистина или лудост“ на авторката Оливера Трајковска беше промовирана во Занаетчискиот дом во Куманово во знак на одбележување на Светскиот ден на слепите лица. Како гест на внимание, слепите лица на промоцијата добија УСБ стик со поставена аудио книга наменета за домашна употреба. На промоцијата се читаа раскази од аудио книгата која веќе […]

Приведен крадец од Струмица кој украл 179 кутии цигари

МВР соопшти дека вчера во 16:20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица […]

Пет места што мора да ги посетите кога ќе одите

Високо над рамницата Пелагонија, во пазувите на Бушева Планина, јуначкото Крушево претставува еден од најзначајните македонски градови со бројни етно и историски вредности. Покрај неговиот историски статус како прва република на Средниот Балкан, градот Крушево продолжува со своите прогресивни амбиции и во наредниот период се стреми да прерасне и да биде препознаен како еколошки одржлив град со нула отпад. […]

Општина Струмица и Здружението „Проект среќа“ потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателката на Здружението „Проект среќа“ Кристина Арнаудова Петровски, денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Здружението, соопштија денеска од Општината. Соработката ќе вклучува заедничка работа во подобрување на  едукацијата и влијанието врз децата и младите од основните  и средните училишта на теми филантропија, општествена одговорност, емпатија, донирање, прифаќање на различностите, спречување […]

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод патрониот празник на градежниците

Почитувани градежници – неимари, Денес кога христијанскиот свет го слави името на еден од Дванаесетте големи апостоли – Свети апостол Тома, Вие останувате верни на убавата еснафска традиција да го одбележувате празникот на Вашиот патрон. Денешниот традиционален собир кој по 31 пат го организирате во манастирскиот храм Воведение на Пресвета Богородица Елеуса во Вељуса е […]

ГАЛЕНИКА ЈА КУПУВА LIFEMEDIC И ГО ПРОШИРУВА ПОРТФОЛИОТО НА ПРОИЗВОДИ

Комерцијална ПР објава Белград, 19 октомври 2023 година – Фармацевтската компанија Галеника, една од најголемите производители на фармацевтски производи во Србија и регионот, го проширува своето работење со преземањето на компанијата Lifemedic d.o.o. од Белград. Со оваа трансакција, Галеника станува сопственик на 100% од српско-словенечката компанија Lifemedic и ја презема ексклузивната дистрибуција на програмата за […]

Приведен криумчар на мигранти од Гевгелија

Вчера во 19:50 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.С.(23) од Гевгелија, соопштија денеска од МВР. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти […]

Во Струмица се одржа панел дискусија на тема „Политичко учество

Денеска во салата на Советот во Дом на АРМ се одржа панел дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“ во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, а со поддршка на општина Струмица. Целта е да се подигне свеста на локалните политички партии и претставници на Советите на општините, […]

Во сообраќајка на патот Николиќ-Нов Дојран потешко повредена сопатничка

Вчера во 11:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот, соопштија од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во […]