Советотот донесе одлуки за поништување одлуката на Нацрт нов ГУП и утврдување нов Генерален урбанистички план
На денешната 31-ва седница на Советот на општина Струмица беше донесена Одлука за поништување на Одлуката за утврдување Нацрт план за Генерален урбанистички план за град Струмица, Општина Струмица, со плански период 2023-2033, како и Одлука за утврдување Нацрт план за Генерален урбанистички план за град Струмица, Општина Струмица, со плански период 2023-2033 година.
Покрај овие две одлуки, беа донесени и Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Струмица за 2023 година, Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во градинката „Детска радост“ и Одлука за доделување парична помош на Танкица Минкова од Струмица.