На 24.01.2026 во 22:35 часот на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода О.П.(46) од с. Селемли, општина Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „волксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал О.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на […]
Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица ги засили своите редови пред стартот на пролетниот дел од сезоната во домашното првенство со репрезентативецот на Малави, Јан Коуаку. Дваесетишестгодишниот центарфор, како што соопшти Брера, веќе му се приклучил на тимот на подготовките во турска Анталија. Коуаку, кој е роден во Брегот на Слоновата коска, а поседува француски пасош, […]
Полицијата соопшти дека на 22 јануари во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава. При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со […]
-Почитувајќи ги историските вредности и придонеси на храбрите струмичани за слободата којашто ја имаме, на одбележувањето во малиот градски парк, присуствуваше градоначалникот Петар Јанков кој во знак на почит кон делото на Цунев положи свежо цвеќе пред Спомен бистата подигната во негова чест, соопштија од Општината. За животот и делото на Герас Цунев, пред неговите […]
На 20.01.2026 во 18:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на сервисна улица покрај автопат „Пријателство“, кон Граничен премин Богородица, патничко возило „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од село Петрово, гевгелиско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на […]
МВР соопшти дека вчера во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица […]
СВР Струмица соопшти дека вчера во 17:00 часот во село Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село. Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од село Куклиш. Извршен е увид од увидна екипа на […]
СВР Струмица сопшти дека вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Радичево, струмичко, е пронајден починат К.Г.(66) од истото село, кој од невнимание паднал во шахта во неговото дворно место. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Струмица.
Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање, соопштија денеска од СВР Струмица. На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар […]
На 16.01.2026 во 05:45 часот во с. Калугерица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода М.Е.(37) од истото село. На 16.01.2026 во 05:15 часот тој агресивно се однесувал и фрлал со предмети кон полициските службеници што извршувале службени дејства. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен […]