Уапсени 12 лица во гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

На 25/26.07.2025 во времето од 22.00 до 03.00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај“, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш […]

Приведен радовишанец за физички напад врз сограѓанин

Вчера во 17:55 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш  го приведоа З.Ј.(33) од село Ораовица, радовишко, затоа што околу 17.40 часот во Радовиш физички го нападнал П.И.(52) од Радовиш. З.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Одбележана 13 годишнината од големиот пожар над Струмица во која

Денес се навршуваат 13 години од еден од најцрните денови за Струмица – големиот шумски пожар на 23 јули 2012 година кај месноста „Двата пата“, каде што животот го загубија четворица храбри сограѓани. Огнената стихија, предизвикана од човечки фактор, имаше дотогаш невидени размери. Во таа битка со огнот, покрај пожарникарите, учествуваа и многу граѓани кои […]

Кандидати на СДСМ за градоначалници на Ново Село-Петар Спасов, Валандово-Перо

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска ги објави кандидатите за градоначалници на Ново Село, Валандово и Радовиш. Во Ново Село за втор градоначалнички мандат ќе трча Петар Спасов, кој оваа функција ја извршуваше во мандадот 2009-2013, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов и во Радовиш Ристо Спасов.

Полицијата за вчерашниот пожар во Струмица во кој почина старец

Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Ленинова“ во Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а во станот бил пронајден починат З.А.(76) од Струмица. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, односно дека смртта настанала поради задушување од чадот. Увид на местото извршиле јавен […]

Јубилејното 20 издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се

Јубилејното 20 издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица, од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со прикажување врвни и квалитетни филмови од различни жанрови и должини. Оваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за […]

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, осомничен за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти МВР, во периодот од 2 до 7 јули 2025, во атар на битолското […]

Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

Попладнево во 15:27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице, соопштија струмичките пожарникари. Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите […]

Костадинов:Ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица,

-Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра. Продолжуваме со уредувањето на каналот Крушевска Република, Инвестираме во станбени и сервисни улици, Обезбедуваме целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој ќе биде најголем во Македонија.Ова не се само проекти – ова се конкретни […]

Уапсен возач од Гевгелија, управувал возило со 99 км на

Вчера во 07:57 часот кај село Брајковци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Ѓ.Ш.(21) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ѓ.Ш. управувал патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 99 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на […]