Изгореа две хаварисани возила во дворот на струмичката болница

Утрово во 05:05 часот во дворот на ЈЗУ Општа болница- Струмица, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тројца пожарникари-спасители интервенираше на гасење на две запалени хаварисани возила. -Пожарот беше локализиран и ликвидиран за кратко време после пристигнувањето и беше спречено негово проширување на блиските околни објекти, се наведува во информацијата од струмичката пожарникари.

Струмичанец загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Дабиле

МВР соопшти дека вчера околу 19:35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до село Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од […]

Полициски билтен:валандовчанец ја нападнал сопругата, физички напади во Струмица

На 15.02.2025 во 01.00 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишиле од слобода 32 годишен жител на Валандово, кој на 14.02.2025 во нивниот дом во Валандово ја нападнал неговата сопруга, при што и нанел повреди на телото. Лицето било задржано во Полициската станица Валандово и по целосно расчистување на случајот против него […]

Струмичанец пронајден починат во стан

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на ул. „Братство Единство“ во Струмица бил пронајден починат Д.Ј.(73) од Струмица, соопштија денеска од полицијата. Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

Костадинов: тие што ме обвинуваа за јавниот електричен превоз, пуштија

-Нема да молчам ниту јас, уште помалку моите струмичани!Воведовме јавен превоз за прв пат во Струмица, први на Балканот со целосно електричен јавен превоз, а за волја на вистината само мал дел од ВМРО-ДПМНЕ беа против, и истите чии мислењата беа дека нема никој да ги користи автобусите или дека треба да бидат на нафта […]

Полициски билтен:со остар предмед повреден жител на Ново Коњарево, повреден

На 14.02.2025 во 02:00 часот во село Дражево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.М.(47) од Дражево, постапувајќи по претходна пријава дека на 13.02.2025 околу 18:30 часот во угостителски објект во Ново Село, струмичко, со остар предмет го нападнал Д.Ѓ.(57) од Ново Коњарево, струмичко и му нанел повреда. По целосно документирање […]

Учениците и професорите од „Димитар Влахов“ го одбележаа Свети Трифун

-По повод денешниот празник Свети Трифун, професорите и учениците од секторот Земјоделство, рибарарство и ветеринарство при СОУУД „Димитар Влахов“ традиционално го одбележаа закројувањето на лозјето, објавија од училиштето. -Од името на професорите и учениците од секторот Земјоделство, рибарство и ветеринарство Ви посакуваме многу здравје, среќа и успех на денешниот ден св.Трифун. Нека се вино налее […]

Изгоре куќа во село Иловица

Синоќа во 21:15 часот во село Иловица ТППЕ Струмица со три против пожарни возила и 10 пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена куќа. -Пожарот во голема мера беше загаснат од месното население. По пристигнувањето е извршена контрола и догасување на некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од пожарникарите. Фото: ТППЕ Струмица

Заради дефект на главната цевка без вода жителите на Босилово,

-Денес цел ден се работеше за да се санира дефектот на главната цевка. После неколку часа од санирањето на дефектот истиот повторно се појави. Утре рано наутро ќе се работи на исто место и ќе се утврдат причините и одговорноста зошто се случи повторно дефект на истото место, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. Со […]

Стопанска комора на трговци на големо и мало ја оспорува

Интегрален текст од обраќањето ДО:Сите електронски и печатени медиуми ОД: Стопанска комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун ПРЕДМЕТ: Информација  за доставено Барање до Влада за итна средба за состојбите во врска со одлуката за ограничување на маржите Почитувани претставници на медиумите,Ви се обраќаме од  Стопанската […]