Градоначалникот Костадин Костадинов денеска преку социјални мрежи објави дека пожарникарите од ТППЕ Струмица покрај финансиската помош од 10.000 денари, ќе можат бесплатно да ги користат паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б во општина Струмица за нивните приватни возила, како и бесплатно да користат електричен градски превоз кога ќе се стави во функција.
Комерцијална ПР објава Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, поставен во близина на плоштадот во Струмица, а овој петок (06.09.2024) ќе биде поставен на влезот на претстојниот фестивал Get EXITed, во градот. Работното време е […]
Средниот блокер на македонската одбојкарска репрезентација Филип Лепидовски е новото засилување на ОК Струмица. Тој доаѓа од тимот на Металац Таково од Горњи Милановац, а претходно играше за велешки Борец и од скопски Вардар.
-Струмица е пример за цела држава, тоа така и ќе остане.Денот е прекрасен за градежни активности.На барање на граѓаните на Општина Струмица денес започнуваме со поставување на втор слој асфалт на дел од улица ,,Стив Наумов’’ потег од улица ,,Герас Цунев’’ до улица ,,Кирил и Методи’’ со вкупна површина од 400 м2, напиша струмичкиот градоначалник. […]
-Шеталиштето на покриениот канал на улицата Крушевска Република покрај неговото урбано уредување продолжува да биде мета на граѓани кои го уништуваат. Се крадат и намерно кршат новонасадени насади од дрвца а и дел од капаците на водоводните шахти се украдени или сокршени, информираа денеска од ЈПКД „Комуналец“. -Апелираме да престане таквото однесување на поединци, а […]
На 03.09.2024, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Г.Г. од с.Дабиле, струмичко. Околу 18.30 часот на наплатната станица Романовце била извршена контрола на возило – комбе „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки […]
Легендарниот српски рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“ почина во болница во Љубљана, на 72-годишна возраст. Бора Ѓорѓевиќ почина по тешко боледување, потврдија од неговата група. „Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки“, се вели во соопштението […]
Младите фудбалери на Брера Струмица во Лигата на шампиони ќе дебитираат против младинскиот состав на ФК „Сараево“ од Босна и Херцеговина. Ова е исходот од денешната ждрепка во Нион каде беа извлечени паровите од Младинската Лига на шампиони. Македонскиот младински шампион, составот на АП Брера Струмица се падна во групата три каде за противници можеше […]
Доскорешниот тренер на Вардар, Горазд Михаилов го презема кормилото на Брера која претходно му врачи отказ на Бојан Круљ. Брера денеска го промовираше Михаилов во нов тренер на првиот тим. „50 годишниот тренер Горазд Михаилов е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на Брера Струмица. Ова е одлуката на управата на клубот, […]
На 02.09.2024 во 22.00 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.А.(27) од село Банско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен предмет кој потекнува од кривично дело „тешка кражба“ извршена на место викано „Муртински колиби“ на планина Беласица, а која била пријавена во СВР Струмица на […]