fbpx

Бензините поевтини за денар и половина, дизелот за половина денар

 Бензините поевтини за денар и половина, дизелот за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цените на бензините од полноќ да се намалат за денар и половина, а дизелот за половина денар.

Со новите цени малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13 јули годинава и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 денари за еден литар.

Share via
Copy link